Нокаут фазата во Лига Европа започна во вторникот со натпреварот Црвена звезда-ЦСКА Москва (0:0), останатите натпревари на програмата се вечерва. Од 15. натпревари внимание привлекуваат натпрврите Лион-Виљареал, Спартак Москва-Атлетик Билбао и Наполи-Лајпциг.
Во пресрет на вечерашните натпревари спацилизираниот сајт „transfermarkt.com“ ја објави вредноста на сите 32 екипи кои влегоа во нокаут рундата.
Според овој сајт најголема вредност има Атлетико Мадрид, а најмала Остерсундс. Вредноста на шпанскиот тим е проценета на 644 милиони евра, втор е Арсенал (492,45), а трет Наполи (402,7), додека играчкиот кадар на шведската сензација Остерсунд вреди 12,78 милиони евра.
Од просторите на поранешна Југославија белградските екипи Црвена звезда и Партизан се пласираа во нокаут фазата. Тимот на Црвена звезда е проценет на 36,2 милиони евра, а оној на Партизан има вредност на пазарот од 25,9 милиони евра.