Top Sport

Меси: Тијаго плачеше и ме молеше да останам

Во ексклузивното интервју за порталот „Гол“ во кое потврди дека ќе ја исполни последната сезона од договорот со Барселона, Лионел Меси зборуваше и за семејната драма која ја искусил со неговиот постар син Тијаго, кој не сакал да си замине од Барселона.

„Матео е мал и не сфаќаше што значи да се оди на друго место и да се живее таму неколку години. Тијаго е постар и слушна нешто на ТВ и ме праша. Не сакав да знае дека треба да се сели, да оди во школо, да прави нови пријатели. Тој плачеше и ми кажуваше: ’Да не одиме’. Беше многу тешко. И мене ми беше тешко, бидејќи одлуката беше мачна. Ја сакам Барселона и нема да најдам подобро место од тука, но имам право да избирам. Ќе најдам нови цели и нови предизвици. Мојот син, моето семејство, тие пораснаа тука и се од тука. Мојата сопруга, со цела болка во душата, ме поддржуваше во секоја одлука“, вели Меси.

Scroll to Top