Египетската фудбалска асоцијација (ЕФА) потврди дека трофејот од Африканскиот куп на нации, кој го добија во трајна сопственост по трите титули во низа е „загубен“.
Поранешниот потпретседател на ЕФА, Ахмед Шобеир откри дека никој не знае каде е трофејот откако се подготвуваше изградба на музеј на националниот тим, по што поранешниот член на бордот на ФИФА, Магди Абделгани призна дека трофејот е загубен при пожарот во седиштето на федерацијата во 2013 година.
Египетските медиуми претходно тврдеа дека нивниот поранешен капитен, Ахмед Хасан, кој ги предводеше „фараоните“ до титулите во 2006, 2008 и 2010 го земал трофејот во својот дом, но тој ги демантираше тие шпекулации.
Египет се најуспешната нација во историјата на Африканскиот куп на нации со седум трофеи од 1957 година. Трите освоени титули од 2006 до 2010 се историски успех на репрезентацијата.