Динамо Загреб е пред склучување на нов милионски трансфер, покажувајќи уште еднаш хрватскиот шампион има најдобра политика за трансфери на Балканот.
Според познатиот италијански новинар Џанлука ди Марцио, „модрите“ се пред договор со Лидс јунајтед за ангажирање на талентираниот дефанзивец, Јошко Гвардиол, за кој тимот на Марсело Биелса ќе плати околу 20 милиони евра.
18-годишниот Гвардиол се смета за еден од најталентираните млади хрватски фудбалери.
#Gvardiol from #DinamoZagreb to @LUFC, talks ongoing to close the deal for around €20M ✅ @SkySportsNews @SkySportsPL
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) September 4, 2020