Реал Мадрид ги демантираше вестите кои ги објави белгискиот весник „Хет латсте ниувс“ дека трансферот на Еден Азар од Челси ги чинеше „кралевите“ 160 милиони евра наместо пријавените 100 милиони евра.
Весникот тврди дека со анализа на парите кои ги добиваат поранешните клубови на Азар, како Тубизе, Лил и Челси, вкупната сума за Азар стигнува до 160 илиони евра. Белгискиот Тубизе веќе добил 200.000 евра, а треба да добие и 280.000 евра оваа година и 320.000 евра во 2021 според процентот кој го одредува ФИФА – од 0.25 отсто по година од 12 до 15 години и 0.5 отсто од 16 до 23 години.
Весникот исто така тврди дека Челси ќе добијат три рати од Реал – 40 милиони евра во 2019, 56 милиони евра во 2020 и 64 милиони евра во 2021.