Аргентинецот Кристијан Ромеро од Јувентус наредните две сезони ќе ги мина на позајмица во екипата на Аталанта.
Аталанта за позајмицата на Јувентус ќе му плати 2.000.000 евра, а клубот од Бергамо по завршувањето на позајмицата ќе може за 18.000.000 евра да го откупи договор на Ромеро.
Аргентинецот Ромеро минатото лето за сума од 26.000.000 евра од Џенова пристигна во Јувентус но за „старата дама“ не одигра ниту еден официјален натпревар.
Buenos días, Atalantini ? Bienvenido Cristian! ????#SaturdayVibes with him ??? #WelcomeRomero! ??#Romero #GoAtalantaGo ⚫️? pic.twitter.com/6ObukvY7kf
— Atalanta B.C. (@Atalanta_BC) September 5, 2020