Рускиот тенисер Андреј Рубљов и грчката тенисерка Марија Сакари експресно изборија пласман во осмина-финалето на Ју-Ес опен.
Рубљов го „прегази“ тенисерот од Италија Салваторе Карусо со 6/0, 6/4, 6/0. Мечот траеше 85 минути.
Во осмина-финалето Рубљов ќе игра против победникот од мечот помеѓу Беретини и Руд.
Сакари, на женскиот дел од турнирот, убедливо ја порази 19 годишната Американка Аманда Анисимова со 6/3, 6/1. Мечпт траеше 56 минути.
Во осмина-финалето Сакари ќе игра против уште една Американка Слоун Стивенс или Серена Вилијамс.