Top Sport

Два пенали и победа на Англија во Рејкјавик

Англиската репрезентација со победа го започна новиот циклус во Лигата на нации. Во Рејкавик Англија го победи Исланд со 1:0.

Единствениот гол го постигна Рахим Стерлинг од пенал во 90 минута. Две минути подоцна Исланд од пенал имаше можност да израмни меѓутоа ударот на Бјарнасон заврши над голот.

Двата тима мечот го завршија со фудбалер помалку. Вокер на 20 минути до крајот го доби вториот жолт картон, а Ингасон мечот го заврши во претпоследната минута.

Scroll to Top