Мајк Тајсон во искрено интервју со Џо Роган открива дека во текот на неговата славна боксерска кариера, при влегувањето во рингот добивал ерекции опишувајќи го искуството како „оргазмично“. Тајсон на стартот на кариерата победи во првите 37 меча, од кои 33 ги заврши со нокаут.
„Понекогаш се мачев со можноста дека можам да повредам некого во рингот, но понекогаш беше оргазмично. Што значи кога боксот ти дава ерекција, што значи тоа? Да, тоа се случуваше кога бев млад“, вели Тајсон.
Американецот стана најмладиот шампион во историјата на тешката категорија по победата над Тревор Бербик во својот 28. меч на само 20 години и 4 месеци. Сега, петнаесет години по последниот меч, 54-годишниот Тајсон се подготвува за враќање во рингот во ноември против Рој Џонс Јуниор.