Top Sport

Фетел: Малку работи се добри

Возачот на Ферари Себастијан Фетел излезе со свој коментар по уште една разочарувачка трка што ја имаше тимот. Вчера на домашната патека во Монца, болидите на Ферари не ја завршија трката.

Фетел се откажа поради проблеми со сопирачките, додека Шарл Леклер излета од патеката што беше причина трката да биде прекината 20 минути.

„Тешко му е на целиот тим, тоа е сигурно. Сепак мораме да работиме напорно за да имаме добар крај на сезоната. Тоа треба да е нашиот фокус“, рекол Фетел.

„Мораме да се соочиме со она што го имаме. Таков е животот. Во моментов малку работи се добри“.

Наредната трка се вози викендов во Муџело.

„Што да очекуваме од наредниот викенд? Не многу. Мораме да бидеме реални. Се надеваме дека ќе имаме помалку проблеми“, заклучил Фетел.

Траката за Големата награда на Тоскана ќе се вози на 13 септември.

Scroll to Top