Претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас инсистира дека ти не се во „војна“ со Лионел Меси, но призна дека е среќен што аргентинската ѕвезда останува во Барселона.
По формалното барање за трансфер на 25 август, Ла лига постојано се ставаше на страната на Барселона околу несогласувањата за тоа кои клаузули во договорот се активни, јавно објавувајќи дека тој може да замине само ако се плати сумата од 700 милиони евра. На крајот, Меси имаше сензационално премислување и ќе осатане до крајот на договорот следното лето. Тебас застана во одбрана на своите ставови.
„Јас не бев во војна со Меси. Ќе го направев истото да се работеше за Пепито Перез или било кој друг фудбалер во лигата. Како лига имаме должност да ја браниме легалноста, правдата, и договорите мора да се почитуваат. секогаш.Без разлика како се викате. Лично, немаше војна со Меси, бидејќи имам големо почитување за него, тој е историјата на нашиот фудбал во последните 20 години. Како можам да бидам против него? Иако неговите адвокати кажуваа поинаку, немаше несогласувања околу договорот. На крајот, среќен сум со тоа како се заврши работата и се надевам дека работите ќе се вратат во нормала“, вели Тебас во интервју за „Кориере дела сера“.