Јосип Иличиќ денеска се врати во Аталанта по подолга пауза откако го пропушти крајот на сезоната 2019/20 поради лични проблеми, и навивачите на клубот од Бергамо не го заборавија Словенецот.
Според весниците „Ла република“ и „Ла газета дело спорт“, словенечкиот фудбалер страдал од депресија и последните месеци ги поминал во својата татковина, а денес пред враќањето на работа фановите го пречекаа со банери на кои пишуваше „Не се предавај, Бергамо е со тебе“.
Иличиќ, кој дојде во Аталанта од Фиорентина во јули 2017 имаше одлична сезона 2019/20 до пред корона вирусот – постигнувајќи 15 гола во Серија А, и 5 во Лигата на шампионите во двата меча со Валенсија.