Френк Лампард сфаќа дека ќе има дополнителен притисок во новата сезона од Премиер лигата, откако Челси потроши најмногу пари од сите англиски клубови ова лето, признавајќи дека „очекувањата ќе бидат многу големи“.
Челси успеаја да донесат шест нови фудбалери пред новата сезона, откако во декември им беше крената забраната за трансфери од ФИФА. Првото засилување беше обезбедено во февруари, кога Хаким Зијеш потпиша договор по трансферот од Ајакс од 36 милиони фунти. Тимо Вернер од РБ Лајпциг за 47.5 милиони фунти дојде во јуни, а Бен Чилвел за 50 милиони фунти од Лестер следниот месец, кога пристигнаа и Тијаго Силва и Маланг Сар како слободни играчи, пред во септември да се комплетира трансферот на Каи Хаверц од Баер Леверкузен за 72 милиони фунти, со што сумата надмина 200 милиони фунти.
„Многу сум свесен дека за клуб како Челси, иако имавме забрана на трансфери во минатото, иако имавме тешка сезона, во новата ќе има огромни очекувања. И го прифаќам тоа како дел од работата, која се обидувам да ја завршам најдобро што умеам. Имам фантастични односи со бордот, но и со фудбалерите, што е важно кога ќе дојдат тешките времиња. Знаеме колку бргу паѓаат домината и како да се справиш со тоа“, вели Лампард.