УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов откри дека ќе организира годишен ММА турнир во чест на неговиот ментор и татко Абдулманап, кој почина оваа година по компликациите од КОВИД-19.
Абдулманап почина во болница во Москва на почетокот на јули по долга битка со вирусот и срцев напад кој го доби и беше погребан во нивното родно село Кироваул во јужната руска република Дагестан.
Хабиб ги откри деталите за ММА турнирот во Москва, кој започнува во среда.
„Турнирот ќе биде годишен, веќе имаме планови за тоа. Само датумот ќе се промени, така што секоја година на крајот на летото или на почетокот на есента ќе се оддржува овој турнир. Фајтерите сакаат да се борат, а промотерите да организираат мечеви“, вели Нурмагомедов.
Во знак на семејството, на турнирот ќе се бори неговиот братучед Усман, а втор поинтересен меч е дуелот меѓу Владимир Минеев и Даурен Ермеков.