Мефис Депај е свесен за интересот што за него го покажува Барселона. Играчот на Лион има договор со клубот до наредното лето, а наводно преговрите околу неговиот трансфер веќе започнале.
Шпанците пишуваат дека Барселона за Депај ќе треба да издвои 30.000.000 евра. Каталонците потоа на фудбалерот ќе му понудат четири годишен договор.
Депај е свесен дека Роналд Куман сака да го види во Барселона, поради што на новинарите по мечот со Италија им потврдил дека клуб од Шпанија се интересира за него.
„Мораме да почекаме да видиме што ќе се случи. Знам дека постои интерес од страна на Барселона и тоа е се што можам да во кажам. Во наредните денови ќе разговарам со претседателот на Лион. Сеуште не сум разговарал со мојот менаџер. Навистина тоа е се што знам“, рекол Депај.