Вистинска сензација се случи на женската трка во слалом на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Американката Микаела Шифрин во својата најсилна дисциплина остана без медал.
Олимпиското злато го освои Швеѓанката Фрида Хандсдотер која за пет стотинки ја победи Швајцарката Венди Холденер.
Ханнсдотер во двете возења имаше втори најдобри резултати што и беше доволно за златен медал. По двете трки Швеѓанката имаше време 1:38.63 минути. Пет стотинки задоцни Холденер која беше лидер по првата трка, додека најголемото изненадување го приреди Австријката Катарина Галхубер која беше деветта по првата трка, но во втората го оствари најдобриот резултат и со време 1:38.95 ја освои бронзата и воедно ја остави главната фаворитка Шифрин без медал.
Frida Hansdotter of Sweden takes gold in women’s slalom.
American Mikaela Shiffrin finishes 4th. #WinterOlympics pic.twitter.com/fFnB7vx8NB
— NBC Olympics (@NBCOlympics) February 16, 2018