По доаѓањето на Алан од Наполи и Хамес Родригез од Реал Мадрид, Евертон донесе трето големо засилување, откако се согласи за трансфер на Абдулаје Дукуре од Вотфорд за 20 милиони фунти. Францускиот фудбалер од средниот ред потпиша тригодишен договор со клубот од „Гудисон парк“, откако помина четири години во Вотфорд, кои испаднаа од Премиер лигата минатата сезона.
Дукуре имаше 4 гола во 39 настапи за Вотфорд минатата сезона, и вкупно 17 гола во 141 меч за клубот од Лондон. Тој претходно играше за францускиот Рен, а беше и позајмен фудбалер во шпанската Гранада.
„Чекав долго време да пристигнам тука и сега сум многу среќен. Имаше интерес и од други клубови, но кога слушнав дека Евертон ме сака, му кажав на агентот дека не сакам друг клуб. Евертон има славна историја во англискиот фудбал и е голем чекор напред за мене“, вели Дукуре.
?? | And another one… Bienvenue, @abdoudoucoure16! ?#BienvenueDoucouré pic.twitter.com/pHYJ0w2b86
— Everton (@Everton) September 8, 2020