Top Sport

Астон Вила го урна клупскиот рекорд – Воткинс пристигна на „Вила парк“

Астон Вила го урна клупскиот трансфер рекорд откако реши да ја плати сумата од 28.000.000 фунти за напаѓачот на Брентфорд Оли Воткинс. Интерес за овој фудбалер имаше и кај Тотенхем, меѓутоа клубот од Лондон не сакаше да издвои толку пари.

Воткинс минатата сезона беше прогласен за најдобар играч во Чемпионшип дивизијата. Сезоната ја заврши со 26 гола, но не успеа да му помогне на Брентфорд да се пласира во Премиерлигата.

Воткинс решил да прифати понудата на Астон Вила бидејќи тренер таму е Дин Смит. Овој тренер го донесе Воткинс во Брентфорд од Екситер во 2017 година. Инаку од неговиот трансфер во Астон Вила 15 отсто ќе заработи Екситер. Станува збор за сума од околу 4.000.000 фунти.

Scroll to Top