Top Sport

Меси прв пат тренираше под водство на Куман

Лионел Меси го одработи првиот тренинг во пресрет на новата сезона. Барселона пред десет дена започна со подготвките, меѓутоа Аргентинецот поради добро познатите проблеми кои ги имаше со клубот дури денес го одработи првиот тренинг. Поради протоколите на ла Лига, бидејќи немаше направено корона-тест Меси во понеделникот и вторникот тренираше сам.

Прашање е дали Меси ќе игра во сабота кога Барселона против Химнастик ќе го одигра првиот контролен натпревар.

Покрај Меси на тренинзите им се вратија Фелипе Кутињо кој се врати од Минхен, односно Серхио Бускетс, Ансу Фати и Френки Де Јонг кои беа со своите репрезентации.

 

Scroll to Top