Месут Озил не е стандарден од Арсенал, Микел Артета не верува во него, но неделната плата од 350.000 фунти го прави да се чувствува комотен уште оваа сезона. Поранешниот германски репрезентативец ќе остане во Арсенал до наредното лето, до кога е врзан со договорот за „топџиите“.
Озил (31) на „Твитер“ се дружел со своите фанови, а го составил и идеалниот тим од фудбалери кои му биле соиграчи.
Озил во кариерата играл во шалке, Вердер, Реал Мадрид и Арсенал.
Голман е Икер Касиљас, во одбраната се по двајца од Баерн (Филип Лам и Џером Боатенг) и двајца од Реал (Серхио Рамос и Марсело).
Во редот за врска ги ставил Чаби Алонсо и Санти Казорла, а четворицата во нападот се Кака, Анхел Ди Марија, Кристијано Роналдо и Карим Бензема.
Casillas
Lahm – Ramos – Boateng – Marcelo
Xabi Alonso – Cazorla
Di Maria – Kaka – C. Ronaldo
Benzema#AskMesut #BestXI https://t.co/Mzyxf9rJWN
— Mesut Özil (@MesutOzil1088) September 9, 2020