Top Sport

Одложен почеткот на Ла Лига

Новата сезона во Ла Лига нема да започне утре вечер со натпреварот помеѓу Гранада и Атлетик Билбао. Стратот на новата сезона во Шпанија е поместен за во сабота. Причината за одложувањето е одлукта на судијата на Фудбалскиот сојуз на Шпанија натпревари во Ла Лига не смеат да се играат во петок и понеделник.

Челниците на Ла Лига најавија жалба на оваа одлука, меѓутоа дуелот помеѓу Гранада и Атлетик Билабо сепак е одложен за сабота од 20.45 часот.

Исто така одлуката на судијата го помести и одигрувањето на натпреварот помеѓу Алавес и Бетис. Овој дуел кој требаше да се одигра во понеделник ќе се игра во савота од 14 часот и тој ќе биде првиот во сезоната 2020/2012.

Челниците на :Ла Лига подолго време спорат со Фудбалскиот сојуз. Двете страни имаат спротивставени мислења околу натпреварите што треба да се играат во петок и понеделник.

Првиот човек на Ла Лига Хавиер Тев=бас смета дека тие натпревари привлекуваат повеќе телевизиски гледачи и ги зголемуваат приходите од ТВ правата, додека од Сојузот сметаат дека не е добро да се играат натпревари во работни денови.

Scroll to Top