Ентони Џошуа размислува за повлекување од мечот во тешка категорија со бугарскиот предизвикувач Кубрат Пулев, тврди промотерот на бугарскиот тешкаш, кој најави дека ако тоа се случи ќе го тужи Џошуа и неговиот агент Еди Херн.
ВБА, ИБФ и ВБО шампионот Џошуа треба да боксува со Пулев во декември, и агентот на бугарскиот боксер, Ивајло Гоцев вели дека Џошуа планира да се повлече и да се фокусира на двете закажани пресметки со Тајсон Фјури.
„Тоа тие постојано размислуваат за такво нешто, но ако се обидат ќе ги чека судска тужба, бидејќи имаме договор. Имаме неколку добри адвокати во Англија и фер судови, така што тоа ќе биде нивни избор“, вели Гоцев.
39-годишниот Пулев во својата професионална кариера од 29 меча има само еден пораз од Владимир Кличко во ноември 2014 година.