Оваа сезона двајца со презимето Адеми ќе го носат дресот на Динамо Загреб. Првиот е Аријан Адеми репрезентативец на Македонија и легенда на „модрите“, а вториот ќе биде 22 годишниот Албион за чии трансфер Динамо ги започнал преговорите.
Албион Адеми е лево крило на младата репрезентација на Финска и на фудбалскиот клуб Мариехам.
Овој фудбалер блеска на почетокот на сезоната во Финска, во првите 13 првенствени рунди има постиганто 12 голови.
„Трансфермаркт“ го проценила на сума од 300.000 евра.