Миралем Пјаниќ синоќа допатува во Барселона. Пред два месеци Барса и Јувентус договорија размена Артур Мело за Миралем Пјаниќ. Трансферот на репрезентативецот на Босна и Херцеговина е проценет на 60.000.000 евра.
Барселона новиот фудбалер веќе го претстави на клупската интернет страница, а официјалната промоција Пјаниќ ќе ја има наредната недела.
Пјаниќ доби простор и во најтиражниот спортски весник во Каталонија, Спорт. Меѓутоа во текстот весникот направи две сериозни грешки. Најпрвин Пјаниќ го претстави како играч кој доаѓа од Србија, со напомена дека тој е првиот Србин во историјата што ќе го носи дресот на Барселона.
И оваа напомена на весникот не е точна бидејќи во периодот од 1997 до 2000 година во Барселона играше Драган Ќириќ.