Возачот на Мерцедес Валтери Ботас забележа најдобро време на првиот тренинг пред трката за Големата награда на Тоскана.
Најбрзиот круг што го извозе Финецот на патеката во Муџело изнесуваше 1:17.879 минути. Зад себе тој ги остави Макс Ферстапен од Ред Бул (+0.048) и Шарл Леклер од Ферари (+0.307).
Во една секунда со времето на Ботас беа и неговиот тимски колега Луис Хамилтон (+530), победникот од трката во Монца Пјер Гасли (+0.797) и Естебан Окон (+0.926).
Пласман во првите десет според времињата имаа и Данил Квјат, Ландо Норис, Александер Албон и Даниел Рикардо.