Роналд Куман на челниците на Барселона им доставил список од четири имиња кои сака да дојдат во клубот до крајот на преодниот рок. Сезоната во Шпанија ќе започне на 12 септември, но Барселона заедно со Реал, Атлетико и Севилја доби дополнителни четири недели одмор поради учеството во европските купови.
„Марка“ тврди дека Куман ги барал следниве играчи. Тројца од нив се Холанѓани, играчи кои играле за новиот тренер на Барслеона во репрезентацијата. До еден од нив тешко ќе дојде, тоа е Жоржињо Вајналдум кој решилда ја одбие Барселона и да го продолжи договорот со Ливерпул.
Останатите тројца се напаѓачот на Лион Мемфис Депај, дефанзивецот на Интер Стефан Де Фрај и младиот дефанзивец на Манчестер сити Ерик Гарсија.