Top Sport

Мурињо го „пикираше“ Белоти, Торино бара 50 милиони

Тотенхем е во потрага по засилување откако слабо беше активен на трансфер пазарот. Дојде само Мети Доерти од Вулфси, па „петлите“ бараат ново засилување.

Прв на мета е Андреа Белоти од Торино кој е проценет на 50 милиони евра.

Сепак „биковите“ ја одбија првата понуда на Тотенхем да оди на позајмица во Лондон.

Ќе мора екипата на Мурињо да искешира повеќе пари ако сака тимот да е конкурентен во новата сезона. Од Торино велат дека се подготвени за преговори.

Белоти има 92 гола на 193 меча за Торино, има излезна клаузула од 100 милиони евра.

Втора опција за Тотенхем е Аркадиуш Милик од Наполи.

Scroll to Top