Top Sport

Менаџерот на Хабиб најавува – наскоро борба со Мекгрегор!

Обожавателите на УФЦ возбудувањата ќе имаат можност за уште еден спектакуларен дуел меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор. Ако може да се верува на зборовите на Хавиер Мендез, менаџерот на рускиот борец, „борбата на векот“ ќе биде наскоро.

За потсетување, Русинот го победи Ирецот во 2018 година во меч кој беше прекинат во 4 рунда, а поради она што се случуваше во октагонот, но и надвор од него, нивниот нов дуел е нешто што со нетрпение се очекува.

Мекгрегор веднаш по поразот бараше реванш, но во јуни година изненадувачки реши да заврши со борбите.

Сепак, предвидувањата на меначерот на Хабиб се прилично уверливи.

„Ако носи најмногу пари, тоа тогаш е најинтересната борба која луѓето сакаат да ја видат. Јасно е дека сите се подготвени за таа борба и подготвени се да платат за тоа. Поради тоа сметам дека УФЦ ќе ја организира“ – вели Мендез.

Нивниот прв и досега единствен дуел беше најгледн УФЦ меч, а на организаторите им донесе 2.4 милиони долари.

Scroll to Top