Top Sport

Де Брујне: Гајле ми е што не го доведовме Меси!

Манчестер Сити го прескокнува првото коло (против Астон Вила) од новата сезона во Премиерлигата затоа што екипата на Гвардиола доби млаку повеќе време за одмор поради настапите во Лигата на шампионите.

Сити следниот викенд ќе гостува кај Вулверхемптон. Клучниот играч во таборот на „граѓаните“ Кевин Де Брујне пред почетокот на новата сезона даде големо интервју за „Дејли мејл“. Меѓу другуте прашања, беше „чепнат“ и Лео Меси и неговото евентуално доаѓање на „Итихад“.

„Искрено, за тоа воопшто не сум ни размислувал. Гајле ми е што не го доведовме Меси. Секако дека би било голема работа да дојдеше кај нас, но со тоа воопшто не се заморувам. Сигурен сум дека клубот многу брзо се би вратил што би вложил во него затоа што тој со себе носи и богати спонзори, но сега тоа не е важно“ смета Де Брујне.

Белгиецот упати пофалби на адреса на својот млад соиграч, Фил Фоден кој неодамна заедно со колегата од репрезентацијата, Гринвуд беа санкционирани од редовите на „Гордиот албион“ поради прекршување на Ковид протоколите во Исланд.

„Играм со јаки соиграчи и мислам дека сме добра екипа. Глупаво е сега да погодуваме како би изгледале ако дојде некој нов играч. Ова ќе е голема година за Фил Фоден. Неговата кариера зависи само од него, затоа што има голем потенцијал“ – заклучи Де Брујне.

Scroll to Top