Куманово е последниот полуфиналист од Купот на Македонија, откако со 85:65 го совлада тимот на Гостивар и обезбеди пресметка со најтрофејниот клуб во Македонија, Работнички за пласман во големото финале во Кавадарци.
Куманово предноста ја правеше во текот на првото полувреме, пред на стартот на третата третина, гостиварци да се доближат на -6 поени, но надежта за пресврт траеше кратко.
Во второто полуфинале, МЗТ Скопје ќе се „судри“ со Блокотехна, откако тимот од Гевгелија се пласираше во првото полуфинале во историјата на клубот
КУМАНОВО – ГОСТИВАР 85-65 (28-23, 19-14, 23-12, 15-16)