Директорот на Баер Леверкузен, Руди Фелер вели дека поради пандемијата на КОВИД-19, Челси „лесно“ стигнале до потписот на Каи Хаверц.
„Сините“ платија 70 милиони фунти за 21-годишниот германски талент, земајќи го од клубот во кој беше од својата 11-та година и во кој имаше над 150 настапи. Леверкузен не сакаа да го загубат Хаверц и Фелер посочува дека да не биле финансиските последици од пандемијата, тие немале да го дадат толку „евтино“.
„Челси едноставно добро го искористи периодот на корона вирусот. Следната сезона ќе беше многу потешко да го добијат Каи, бидејќи тогаш ќе се појавеа и други клубови за него кои сега се повлекоа поради финансиската несигурност“, признава Фелер.
Леверкузен го продадоа и 28-годишниот напаѓач Кевин Воланд на Монако за 15 милиони евра, и иако го донесоа Патрик Шик од Рома и Ленарт Грил од Кајзерслаутерн, Фелер вели дека не можат да си приуштат парите од трансферот да ги искористат за засилувања.
„Имаме големи загуби поради недостатокот на навивачи и затоа не можеме парите да ги трошиме на засилувања, иако мора да се заддржи нивото“, вели Фелер.