Вулверхемптон потврдија дека му дале нов тригодишен договор на својот менаџер, Португалецот Нуно Еспирито Санто, кој ќе добие и зголемување на платата по успешната работа со „волците“.
46-годишниот Португалец ги однесе Вулверхемптон од втората англиска лига во Лига Европа во последните три години, и тимот продолжи со импресивните резултати и минатата сезона, со седмото место во Премиер лигата.
„Се чувствувам добро. Подготвен за предизвикот, работиме напорно бидејќи почнува нова сезона и резултатите од минатото несе важат“, вели Еспирито Санто.
#Nuno2023 pic.twitter.com/gnBGqIJHTf
— Wolves (@Wolves) September 13, 2020