Жозе Мурињо има што да им каже на судиите по поразот на неговиот тим од Евертон на отворањето на сезоната во Премиерлигата. Евертон како гостин забележа минимална победа над Тотенхем 1:0.
На Мурињо рекол дека мора да го коментира слободниот удар по кој Евертон го постигнаа голот за победа.
„Слободниот удар е изведен пет или шест метри понапред од местото каде што беше направен прекршокот. Но, јас не можам да влијаам на тоа. Не можам да ги тренирам и судиите. Мое е да ги научам фудбалерите подобра да ги бранат ваквите ситуации“, рекол Мурињо.