Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ прв пат по дисквалификацијата на Ју-Ес опен имаше средба со новинарите.
Ѓоковиќ на прес-конференција во Рим проговорил на оваа тема.
„Правилата се јасни. Ја прифатив одлуката и продолжив понатаму. Тоа е тоа“, рекол Ѓоковиќ.
„Не можам да ви ветам или да гарантирам дека никогаш повеќе нема да направам нешто слично во животот. Секако дека ќе дадам се од себе, но во животот се е можно“.
Ѓоковиќ доби дисквалификација на Ју-Ес опен откако ненамерно со топче ја погоди судијката. Признал дека и во минатото имал слични испади, но дека такви испади имале и другите тенисери.