ФИА веројатно ќе покрене истрага против Луис Хамилтон поради маичката на која имаше порака, а која тој ја носеше по трката за Големата награда на Тоскана, кога го даде официјалното интервју и кога му беше доделен пехарот.
Хамилтон на патеката во Муџело ја забележа 90 победа во кариерата, а по трката се појав со мачка на која пишуваше: „Уапсете ги полицајците кои ја убија Бријана Тејлор“.
Правилата на ФИА им забрануваат на возачите на ваков начин да испраќаат политички пораки. Прашање е како ФИА ќе го толкува овој потег на Британецот.
ФИА пред почетокот на сезоната ја прифати иницијативата на Хамилтон да се клечи пред секоја трка.