Сандро Тонали вели дека ги „затворил сите врати“ и дека морал да потпише за Милан за да ги следи своите фудбалски идоли Џенаро Гатузо, Златан Ибрахимовиќ и Паоло Малдини.
20-годишниот поранешен фудбалер на Бреша претходно се имаше договорено за трансфер во Интер, но откако и од Милан се јавиле со понуда, вели дека воопшто не размислувал.
„Во моето место, Лоди, сите навиваат за Милан, вклучувајќи го и мојот татко, кој ми ја пренесе таа страст и мене. Сакав да го носам овој дрес долго време. Не зборував многу со претседателот на Бреша, Масимо Челино, но тој сфати што ќе значи тој трансфер за мене и на крајот остана на зборот. Кога имаше шанса да дојдам во Милан, не размислував за друг клуб и веднаш ги затворив сите врати. Морав да одам во Милан. Морав“, вели Тонали.
Тој ги потврди шпекулациите дека му се јавил на тренерот на наполи, Рино Гатузо за да ја побара „осумката“.
„Гатузо ми беше идол и уште ми е. Бројката осум беше достапна и затоа ја избрав поради различни работи во мојот живот. Само што можев да работам со Малдини беше шокантно. Бев на ’Сан Сиро’ на Милан-Киево, кога Кларенс Сидорф го даде голот во агол во послендите минути. Знаев дека еден ден ќе играм за овој клуб“, додава Тонали.