Аманда Фокс, која е актерка во филмовите за возрасни, решила да му понуди помош на фудбалскиот клуб Виченца. Клубот ги нема подмирено обврските кон играчите, неодамна прогласи банкрот, а предвидувањата се дека Виченца ќе престане да постои.
Во ситуација кога клубот се наоѓа во тешка ситуација, понуда за помош, која никој не ја очекуваше, стигна од Аманда Фокс.
Имено, оваа порно актерка со прекар „Полската Венера“, решила за Виченца која се натпреварува во Серија Ц, да издвои 10 отсто од профитот кој ќе го оствари од продажбата на својот календар.
Календарите се продаваат по цена од 7,5 евра, што значи дека од секој продаден календар за Виченца ќе одат 75 евро центи.
Сепак се уште не е познато дали италијанскиот клуб ќе ја прифати понудата на порно атерката.
Инаку откако таа понуди помош за клубот многумина се запрашаа зошто 32-годишната актерка се решила на ваков чекор?
„Неколку години ја посетував Виченца бидејќи често бев гостинка на еден од најпрестижните клубови во Италија…Моите обожаватели ме известија дека клубот прогласил банкрот, а таа информација не растажи, од причина што тоа се лучи 40 години по освојувањето на второто место на Виченца во Серија А“, рекла Аманда Фокс.