Менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо не сакал да ги коментира наводите дека Герет Бејл би можел да се врати во Лондон. Англичаните тврдат дека менаџерот на Бејл преговара со Тотенхем.
Бејл не е во плановите на тренерот на Реал Зинедин Зидан. Наводно Тотенхем се подготвени да го позајмат од Реал.
„Бејл е фудбалер на Реал, а јас не сакам да зборувам за фудбаерите од други клубови. Не е мојата работа да контактирам со менаџерите“, рекол Мурињо.
На хипотетичко прашање дали би сакал да го има Бејл во тимот, Мурињо рекол:
„Ниту хипотетички тоа не еме интересира. Повторувам Бејл е играч на Реал“.
Сепак Мурињо признал дека во минатото бил заинтересиран за Велшанецот.
„Се обидов да го донесам Бејл додека бев тренер на Реал, но тој стигна една година подоцна. Тоане е тајна, Герет го знае тоа“.
Во минатото Герет Бејл шест години играше во Тотенхем.