Top Sport

Држеле социјална дистанца, изгубиле со 37:0

Фудбалски натпревар во Германија помеѓу аматерските тимови на Рипдорф Молцен и Холденштат завршил со резултат 0:37. Резултатот е ваков бидејќи фудбалерите на Рипдорф Молцен согласно препоракит за заштита од коронавирусот држеле дистанца од своите противници.

Фудбалскиот клуб Рипдорф Молцен побарал натпреварот со Холденштат да биде одложен бидејќи фудбалерите на овој тим биле во контакт со лице заразено со кронавирусот.

Челниците на Фудбалскиот сојуз на Долна Саксонија одбиле да го одложат натпреварот бидејќи тестовите на фудбалерите на Холденштат биле негативни, иако од контактот со заразеното лице на поминале две недели.

За да не бидат казнети од Рипдорф Молцен решиле на теренот да испратат само седум фудбалери (колку што е минимално дозволено според правилата) кои во текот на целиот меч држеле социјална дистанца.

Scroll to Top