Top Sport

Халанд, Санчо, Фати, Хаверц, Камавинга… во трка за наградата „Голден бој“

„Тутоспорт“ ја објави конечната листа на која има 40 фудбалери кои ќе се борат за наградата „Голден бој“. Италијанскиот магазин традиционално ја доделува нагрдата за најдобра млад играч до 21 година. Минатата година лауреат беше Жоао Феликс од Атлетико Мадрид.

Најдобриот млад играч во Европа го бираат 30 новински куќи од 20 држави, меѓу кои најистакнати се уредниците на германски „Билд“, португалска „А Бола“, француските „Лекип“ и „Франс фудбал“, шпанските „Марка“ и „Мундо Депортиво“, британски „Тајмс“…

Секој члена на жирито гласа за етмина фудбалери, на кои им доделува 10, седум, пет, три и еден поен.

Наградата се доделува од 2003 година, а лауреати досега биле Ван дер Варт, Руни, Меси, Фабрегас, Кун Агуеро, Андерсон, Пато, Балотели, Геце, Иско, Погба, Стерлинг, Марсијал, Ренато Санчез, Мбапе, Де Лихт и Жоао Феликс.

Оваа година конкуренцијата е силна, а меѓу кандидатите се Алфнсо Дејвис и Танги Куаси (Баерн), Ансу Фати (Барселона), Едуардо Камавинга (Рен), Фил Фоден и Феран Торес (Манчестер сити), Бујајо Сако (Арсенал), Мејсн Гринвуд (Манчестер Јунајтед), Каи Хаверц (Челси), Винисису и Родриго (Реал), Ерилнг Халанд и Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд)…

 

Scroll to Top