Иако Шарл Леклер и Макс Ферстапен многумина ги сметаат за возачи за иднината и потенцијални светски шампиони, поранешниот австралиски Ф1 возач Марк Вебер вели дека многу зависи од тоа колку време ќе му дадат Ферари на Леклер.
„Мислам дека сите внимаваат на Шарл Леклер, јас сум многу заинтересиран за тоа каде ќе го однесе кариерата со Ферари во иднина. На почетокот е забавно, но за 24 месеци тој може да биде во ситуација во која ќе биде отпуштен, исто како Себастијан Фетел. Многумина не сфаќаат, но многу е тешко да се вози за Ферари, како што дознаа Фернандо Алонсо и Фетел. Затоа ќе видиме дали ќе биде погодок или нова утка за Скудерија“, вели Вебер.