Пред финалето на Западната конференција во НБА помеѓу Денвер нагетс и Лос Анџелес лејкерс, НБА лигата со интересно видео го претстави Никола Јокиќ, српскиот центар кој импресионираше во дуелите со Јута и Клиперси и кој е најзаслужен што Нагетси стигнаа дотука.
Во видеото, Јокиќ зборува за патот до НБА лигата.
„Се заљубив во кошарката, играм професионално од мојата 16-та година и бргу се развивав. Ги правев истите работи кои ги правам и сега. Додавање, делење на топки – со асистенција двајца се среќни, а со поени само еден. Работев напорно да дојдам дотука и затоа сакам да бидам најдобар. Се надевам дека еден ден ќе носам шампионски прстен“, вели Јокиќ.