Возачот на Петронас Јамаха Фабио Квартараро го забележа најдоброто време на првиот тренинг во пресрет на трката за Големата награда на Емилија Ромања. Најбрзиот круг на патеката „Марко Симончели“ изнесуваше 1:31.721 минути.
Втор најбрз на патеката беше тимскиот колега на Квартараро, Франко Морбидели (1:31.811) кој минатата недела победи на Големата награда на Сан Марионо и Римини.
Меѓу најбрзите петмина се најдоа и двајцата возачи на КТМ, Пол Еспаргаро (1:31.841) беше трет, а Мигел Оливеира (1:31.965) беше петти. Четвртиот најдобар резултата го имаше Жоан Мир на Сузуки (1:31.926.
Разочараа возачите на фабричката Јамаха, Маверик Вињалес беше 13, а Валентино Роси 17 на првиот тренинг.
? @FabioQ20 leads a @sepangracing 1-2 in FP1!@polespargaro and @_moliveira88 show improved form for KTM with @JoanMirOfficial also in the mix! ⏱️@TISSOT | #EmiliaRomagnaGP ? pic.twitter.com/a7Spezacms
— MotoGP™? (@MotoGP) September 18, 2020