Top Sport

Алкантара емотивно се прости од Баерн

Шпанскиот репрезентативец Тијаго Алкантара со емотивна порака се прости од Баерн Минхен, клуб во кој мина седум години од кариерата. Тијаго со Баерн освои седум титули во Бундеслигата, четири во Купот на Германија и еден трофеј во Лигата на шампионите.

„Да, ова беше најтешката одлука што досега морав да ја донесам во кариерата. Решив да го завршам ова поглавје во овој прекрасен клуб. Клуб во кој пораснав и се развив како играч во изминатите седум години.

Имаше победи, успеси, моменти на среќа и некои тешки периоди. Но најмогу сум горд на тоа што како млад човек со големи сништа пристигнав во Минхен, а заминувам целосно исполнет.

Исклучиво од спортски причини ја донесов одлуката за заминување. Како фудбалер барав нови предизвици во кариерата.

Засекогаш ќе му бидам благодарен на баерн“, порачал Тијаго.

Тијаго Алкантара до крајот на денот треба и официјално да стане играч на Ливерпул. „Црвените“ за неговиот трансфер издвоија 30.000.000 евра. Со Ливерпул тој ќе потпише четири годишен договор.

 

Scroll to Top