Данецот Сорен Краг Андерсен стигна до својата втора етапна победа на Тур де Франс 2020, откако велосипедистот на Санвеб стигна до соло-победа на рамната 19. етапа од Бург-ен-Брес до Шампањол во должина од 166.5 километри.
Краг Андерсен успеа да се одвои од групата од 12 велосипедисти кои рано се одвоија од главната група, и на крајот да стигне до соло победа, а исто како во 14-тата етапа, Словенецот Лука Мезгец го доби спринтот за второто место пред Белгиецот Јаспер Стајвен.
Ирецот Сем Бенет практично ја осигура зелената маичка како најдобар спринтер бидејќи на програмата е уште утрешната трка на хронометар на Алпите и неделната „прошетка“ до Шам Елизе, и осмото место значи дека има огромна предност пред Словакот Петер Саган и само катастрофа може да го спречи до победа.
Во генерален пласман, нема промени, откако Словенецот Примож Роглич (Џамбо-Висма) останува на 57 секунди пред својот сонародник, Тадеј Погачар (УАЕ Тим Емирати) и 1:27 пред Мигуел Анхел Лопез и утрешната трка на хронометар од 36.2 километри ќе биде клучна за одлучување на победникот.
? An aerial view of ?? Søren Kragh Andersen's final attack to move into pole and claim the stage win!
Retrouvez en vue aérienne l'attaque décisive de ?? Søren Kragh Andersen pour filer vers la victoire à Champagnole.#TDF2020 pic.twitter.com/OoUdWT3gr2
— Tour de France™ (@LeTour) September 18, 2020