Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Почетино, со доза на горчина во изјавата вели дека во неговите пет и пол години на клупата на лондонскиот клуб „не било можно“ тимот да донесе засилување од калибарот на Герет Бејл.
Почетино доби отказ иако ги однесе Тотенхем до финалето на Лигата на шампионите пред две години, и беше заменет со Жозе Мурињо, кој ова лето доби неочекувани средства за засилување.
„Бејл е фантастичен фудбалер, и се наоѓа во години во која има сила, но и искуство и зрелост. Седум години е во Реал Мадрид, каде што беше одлучувачки фудбалер и постигнуваше голови в во важни натпревари. Кога јас бев во Тотенхем немаше можност да го донесеме. Прво, сите пари беа фокусирани на завршувањето на стадионот. Потоа стигнавме до финалето на ЛШ и немавме потпишано со фудбалер година и пол. Потоа,заминав. Јасно беше што таков фудбалер би донел за нас. Кога бев во Саутемптон, тој замина за Тотенхем. Кога дојдов во Тотенхем, тој потпиша за Реал. Сега, видете, тој се враќа!“, вели Почетино.