Турскиот репрезентативец Џенгиз Ундер официјално стана играч на Лестер. Ундер во Премиер лигата се пресели од италијанската Серија А каде што три сезони играше за Рома.
Ундер оваа сезона ќе игра како позајмен фудбалер, а по завршувањето на сезоната Лестер ќе мора да го откупат неговиот договор за 20.000.000 евра.
Крилниот напаѓач има 23 години, Рома за него пред три години на Башакшехир им плати 14.250.000 евра. За Рома одигра 85 натпревари, постигнал 17 голови и забележал 11 асистенции.