Менаџерот на Арсенал Микел Артета е пресереќен што Пјер-Емерик Обамејанг го продолжи договорот со клубот. Габонецот прифати да остане во клубот, откако Артета го убедил дека тој ќе биде клучниот играч во новиот проект на клубот. Според медиумите Обамејанг ова лето ја одбил понуда од Барселона.
„Останува со нас бидејќи имаме неверојатен тим, фантастични луѓе, тој ја чувствува љубовта која му ја подаруваат навивачите“, рекол Артета и дополнил.
„Зошто не замина во Барселона? Бидејќи нашиот клуб е исто толку голем како и Барселона. Мораме да бидеме сигурни дека нашите играчи веруваат во овој проект. Ауба знае дека тука има се што му е потребно, поради тоа остана“.
Обамејанг го продолжи договорот до јуни 2023 година и стана играчот со најголема плата во Арсенал. Тој неделно ќе заработува 385.000 фунти. Иста плата има и Месут Озил.