Top Sport

Наполи го освои „Енио Тардини“, Елмас играше 10 минути

Фудбалерите на Наполи со победа ја започнаа сезоната 2020/2021. Наполитанците на „Енио Тардини“ во Парма го победија домашниот тим со 2:0. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз доби шанса во финишот на мечот кога во 84 минута влезе на местото на Фабијан Руиз.

Наполи еден час се мачеше да ја скрши одбраната на Парма. Во 63 минута Мертенс го совлада голманот на Парма Сепе, а триумфот на тимот од југот на Италија го завери капитенот Инсиње во 77 минута.

Денес во Серија А ќе играат Џенова-Кротоне, Сасуоло-Каљари и Јувентус-Сампдорија.

Scroll to Top