Top Sport

Ла Лига го доби најстариот дебитант во последните 85 години

Кадиз забележа победа кај Уеска во рамките на второто коло во Ла Лига. Ова е прва победа за Кадиз во најсилната шпанска конкуренција уште од сезоната 2005/2006.

Головите за Кадиз ги постигнаа Негреод во 11 и Ескобар во 83 минута, но големи заслуги за освојувањето на трите бода има и голманот Алберто Кифуентес, кој на своето деби во Ла Лига успеа да го одбрани својот гол.

Кифуентес денес стана највозрасниот дебитант во историјата на шпанската прва лига.

Тој е роден на 29 мај 1979 година, што значи дека денес имаше точно 41 година и 114 дена.

Единствен постар дебитант од него бил англискиот бек Хари Лов кој во далечната 1935 година со 48 години и 226 дена одиграл еден натпревар за Реал Сосиедад.

 

Scroll to Top